Проект CERP „Колективно преговарање и еколошка одговорност – предизвици и перспективи за секторот за транспорт и јавниот сектор“

Преку сеопфатна анализа на тоа како европските политики за еколошка транзиција влијаат на социјалниот дијалог и колективното договарање, проектот CERP „Колективно преговарање и еколошка одговорност – предизвици и перспективи за секторот за транспорт и јавниот сектор“, кој е кофинансиран од Европската Унија, има за цел да подобрување на искуството во работните односи во Европа и придонес кон одговорноста за животната средина. 
 
На овој проект, Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје е еден од партнерите заедно со Независната синдикална коалиција на работници од Мадрид, CSIT UNIÓN PROFESIONAL, Шпанија, која е носител на проектот, како и Универзитетот UTH во Тесалија, Грција, Филозофскиот факултет во Белград, Србија, Универзитетот НОВА во Лисабон, Португалија и Институтот за односи со јавноста, ИПА, Полска.
 
Во рамките на активностите предвидени за овој проект, се изработи статија во која се истакнати конкретни прашања релевантни за целите на овој проект преку проучување на улогата на социјалниот дијалог и колективното договарање во механизмите на трансформација и во дизајнирањето, спроведувањето и промовирањето на политиките за одржлив развој на национално и европско ниво.