Промоција на книгата „Антидискриминациско право“

Во преполната библиотека на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во присуство на амбасадори, владини претставници и академска и научна јавност беше одржана Промоција на книгата „Антидискриминациско право“ – коавторски труд на проф. д-р Лазар Јовевски, д-р Жанета Попоска и д-р Јулиус Ростас. На настанот говореа деканот на Правниот факултет проф. д-р Сашо Георгиевски – рецензент на трудот, г. Олег Солдатов, шеф на програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје и проф. д-р Лазар Јовевски – коавтор на учебникот. Настанот беше организиран во соработка и со поддршка на Советот на Европа и Правниот факултет „Јустинијан Први“.