Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во ноември и декември со низа настани ја одбележа 65 годишнината од своето основање.
На 3ти ноември 2016та година, одбележувајќи го основањето на Факултетот во 1951 година како Правно-економски факултет се одржа средба на генерациите. Наставниците кои што се во пензија, но истовремено и дел од академската заедница и наставниците и соработниците активни на Факултетот разменија мислења за развојот на правничкото образование и правната наука во изминатите години, улогата и значењето на Факултетот во градењето на демократските институции во државата и севкупниот развој на општествениот и на политичкиот систем на Република Македонија. https://onlineslotscasinoz.com/
Централните манифестации за одбележување на 65 годишнината и на и 10ти декември – Меѓународниот ден на правата на човекот се одржаа во средината на декември и опфатија низа активности .
На 15.12.2016 година се одржа Академија по повод 10-ти декември – Меѓународниот ден на правата на човекот. На Академијата свое обраќање имаа Н.Е. Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија и доц. д-р Елена Михајлова Стратилати во својство на модератор. Настанот беше проследен со многубројна публика во која најголемиот дел беа студентите од сите студиски програми и циклуси на Правниот факултет. Потоа беше одржана презентација на публикации на наставниот кадар на Факултетот издадени во текот 2015/2016 година и промоција на зборници и годишници на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и тоа: Годишник во чест на проф. д-р Јане Миљоски, Годишник во чест на проф. д-р Петар Манговски и Зборник од меѓународната конференција ,,Медиуми и човекови права”.
Оваа година, дваесетти пат се одржа Ораторската вечер „Иво Пухан“. Манифестацијата, традиционално се организира за да се овозможи развој и промоција на ораторките вештини на студентите, но и да им се овозможи форум каде ќе ги изразат своите ставови за општеството во кое живеат.
На 19.12.2016 година во Аулата на Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше одржан Свечен прием по повод 65 годишнината на Факултетот. На самата свеченост пригодно обраќање имаа проф д-р Сашо Георгиевски, в.д. Декан на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” – Скопје и проф. д-р Никола Јанкуловски, Ректор на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” – Скопје. Настанот беше исползуван за доделување на пофалници за студенти кои постигнале успех на меѓународни натпревари и спортски натпревари. Прославата традиционално беше затворена со настап на најдобрите оратори на XX-та Ораторска вечер „Иво Пухан“.