На 16.5.2024 г. Правниот факултет „Јустинијан први“ Скопје беше домаќин на јавна трибина по повод презентација на заклучоците и препораките на публикацијата „Со надеж за најдобро, подготвени за најлошо: Економската зависност од Кина и ефектите врз Северна Македонија“ од д-р Ана Крстиновска, претседателката на ЕСТИМА.
Публикацијата и трибината се подржани од Фондацијата Конрад Аденауер.
Поздравни обраќања одржаа деканот на Правниот факултет Скопје проф. д-р Сашо Георгиевски и Александер Берибес од Фондацијата Конрад Аденауер, Берлин.
Говорници беа Даниел Браун, официјален претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во Северна Македонија и професорите Васко Наумовски и Александар Спасов од Правниот факултет.
Настанот и трибината ја модерираше проф. д-р Александар Спасеновски.