СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Академскиот календар на Универзитетската школа за докторски студии во учебната 2023/2024 година првата испитна сесија ќе се спроведе во период од 16 јануари до 14 февруари 2024 година.

Термините за испитите во првата испитна сесија во учебната 2023/2024 година студентите ги договараат во координација со предметните наставници врз основа на пријавата за избор на предметите од академската обука.

Со почит