Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, соопштува дека на ден 09.03.2023 година (четврток) со почеток во 10 часот, докторантката м-р Флорина Бакиевска Андреевска ќе ја брани својата докторска дисертација на тема „Видови на управносудска контрола над поединечните управни акти и дејствија на јавните органи“. Одбраната ќе се одржи во салата за состаноци на Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје, (сала за ННС под деканат).
Од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
01/03/2023