Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, соопштува дека на ден 28.04.2023 година (петок) со почеток во 12 часот, докторантката м-р Имране Морина ќе ја брани својата докторска дисертација на тема „Евроатлантските интеграции на Република Македонија – Република Северна Македонија од 1991 до 2022 година“. Одбраната ќе се одржи во салата за состаноци на Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје, (сала за ННС под деканат).
Од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје