Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, соопштува дека на ден 05.05.2023 година (петок) со почеток во 15 часот, докторантката м-р Анета Бошковска ќе ја брани својата докторска дисертација на тема „Состојби и предизвици во обезбедувањето и присилното исполнување на побарувањата од договорот за кредит во домашното и во споредбеното право“. Одбраната ќе се одржи во салата за состаноци на Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје, (сала за ННС под деканат).
Од Правниот факултет
„Јустинијан Први“ во Скопје