СООПШТЕНИЕ

Почитувани,

      Ве информираме дека на 25.4.2024 година (четврток), во просториите на Македонската академија на науките и уметностите во Скопје, ќе се одржи Научна конференција со меѓународно учество: „Научен и публицистички интегритет во биомедицината“.

Покровител на конференцијата е проф. д-р Биљана Ангелова, ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во прилог  е Програмата на Научната конференција во која ќе има предавања за смислата и значењето на научното публикување, кои се од интерес за докторандите од Школата за докторски студии.