1. ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ЛЕТЕН ИСПИТЕН РОК
Пријавувањето на испитите на прв и втор циклус студии во летниот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања во периодот од
03.05.2022 година до 13.05.2022 година
Начин и постапка на пријавување на испити во летниот испитен рок:
- ЕЛЕКТРОНСКИ
- Студентите пријавуваат во iKnow системот од 03.05.2022(вторник) до 13.5.2022(петок), следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
- ФИЗИЧКИ СО ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВА ЗА ИСПИТ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
- По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање на испит во службата за студентски прашања во период од 03.05.2022 (вторник) до 13.05.2022 (петок), ЗАДОЛЖИТЕЛНО бројот од електронската пријава (се отчитува од iKnow системот) се запишува на хартиената пријава за испит што физички студентот ја доставува во службата за студентски прашања.
Распоредот за полагање на испитите во летниот испитен рок и во дополнителниот термин за полагање на испити можете да го преземете на следниов ЛИНК.
НАПОМЕНА: Задолжително носење индекс при доставување на пријави во службата за студентски прашања.
2. ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО
ДОПОЛНИТЕЛНИОТ ТЕРМИН ВО ЛЕТНИОТ ИСПИТЕН РОК
Пријавувањето на испитите на прв и втор циклус студии во дополнителниот термин за полагање во летниот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, во периодот од
20.06.2022 година до 23.6.2022 година
Начин и постапка на пријавување на испити во дополнителниот термин за полагање во летниот испитен рок:
- ЕЛЕКТРОНСКИ
- Студентите пријавуваат испити во iKnow системот во период од 20.06.2022 (понеделник) до 23.06.2022 (среда), следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
- ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
- По електронското пријавување на испити, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања во период од од 20.06.2022 (понеделник) до 23.06.2022 (среда), ЗАДОЛЖИТЕЛНО бројот од електронската пријава (се отчитува од iKnow системот) и се запишува на хартиената пријава, што физички студентот ја доставува во службата за студентски прашања.
НАПОМЕНА: Покрај доставуањето на пријавата во службата за студентски прашања, студентите во прилог ја доставуаат и уплатницата за дополнителниот термин за полагање во летниот испитен рок, согласно Одлуката за износи на плаќање за дополнителните сесии по испит на прв циклус студии и на втор циклус студии .
Распоредот за полагање на испитите во летниот испитен рок и во дополнителниот термин за полагање на испити можете да го преземете на следниов ЛИНК.