СООПШТЕНИЕ ЗА  ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ДОПОЛНИТЕЛЕН ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ ВО ЛЕТЕНИОТ ИСПИТЕН РОК ЗА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2021-2022 ГОДИНА

Пријавувањето на испитите на прв и втор циклус студии во дополнителниот термин за полагање во летниот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, во периодот од

20.06.2022 година до 23.6.2022 година

Начин и постапка на пријавување на испити во дополнителниот  термин за полагање во летниот  испитен рок:

  1. ЕЛЕКТРОНСКИ
  • Студентите пријавуваат испити во iKnow системот во период од 20.06.2022 (понеделник) до 23.06.2022 (четврток), следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
  1. ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
  • По електронското пријавување на испити, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања во период од од 20.06.2022 (понеделник) до 23.06.2022 (четврток), ЗАДОЛЖИТЕЛНО  бројот од електронската пријава (се отчитува од iKnow системот) и се запишува на хартиената пријава, што физички студентот ја доставува во службата за студентски прашања.

НАПОМЕНА: Покрај доставуањето на пријавата во службата за студентски прашања, студентите во прилог ја доставуаат и уплатницата за дополнителниот термин за полагање во летниот испитен рок, согласно Одлуката за износи на плаќање за дополнителните сесии по испит на прв циклус студии и на втор циклус студии .

Распоредот за полагање на испитите во летниот испитен рок и во дополнителниот термин за полагање на испити можете да го преземете на  следниов ЛИНК.