СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАВЕРУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА

 

Датум:

Од 09 до 17 февруари 2026 година

Час:

Од 11 до 14 часот

Почитувани студенти,

Во период од 09.02.2026 до 17.02.2026 година во службата за студентски прашања ќе се врши заверување на летен и запишување на зимски семестар.

Службата за студентски прашања ќе работи во период од 11:00 до 14:00 часот.

За подетални информации Ви стоиме на располагање на тел. 02/3181-545, praven@pf.ukim.edu.mk, https://www.facebook.com/pravenfakultetjustinijanprvi/.

Термини за заверка и упис:

  • 09 и 10 февруари за студентите од прва година;
  • 11 и 12 февруари за студентите од втора година и
  • 13, 16 и 17 февруари за студентите од трета година и втор циклус на студии

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  1. Потврда за уплата на втора рата од партиципација/школарина:

– 100 евра (партиципација);

– 200 евра (школарина, вонредни)

 или вредност на ЕКТС согласно Iknow зависно од квотата во која студентот припаѓа во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РСМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

– Банка на примачот: НБРСМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11

– Приходна шифра: 723012

– Програма 41

  1. Потврда за уплатени 1.000,00 денари за набавка на онлајн ресурси по семестар за реализација на студиските програми на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

– Банка на примачот: НБРСМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11

– Приходна шифра: 723012

– Програма 41

  1. Потврда за уплатени 1.000,00 денари за набавка на материјални ресурси по семестар за реализација на студиските програми на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

– Банка на примачот: НБРСМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11

– Приходна шифра: 723012

– Програма 41

  1. Потврда за уплатени 100,00 денари – за обрасци за упис и заверка на семестар на:

Назив на примачот: Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

– жиро сметка 160010368978818,

– депонент НБРСМ со трезорска сметка 100000000063095,

– повикување на број 723019,

– програма 41

– цел на дознака:  обрасци за упис и заверка на семестар за Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Согласно упатството/пораката испратена од iknow администраторот online уписот на предмети од зимскиот семестар е задолжителен.

Следете ги чекорите за упис согласно даденотоо упатство.

Со почит,

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје