СООПШТЕНИЕ ЗА
ЗАВЕРУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2024/2025 ГОДИНА
Датум: |
20 септември до 3 октомври 2024 година |
Час: |
11 до 14 часот |
Почитувани студенти,
Во период од 20.09.2024 до 03.10.2024 година ќе се врши заверување на летен и запишување на зимски семестар во службата за студентски прашања и електронско запишување на семестар и предмети во iKnow системот.
Службата за студентски прашања ќе работи во период од 11:00 до 14:00 часот.
За подетални информации Ви стоиме на располагање на тел. 02/3181-545, praven@pf.ukim.edu.mk, https://www.facebook.com/pravenfakultetjustinijanprvi/.
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- Статистички лист (од книжара);
- Потврда за уплата на прва рата од партиципација/школарина:
– 100 евра (партиципација);
– 200 евра (школарина, вонредни)
зависно од квотата во која студентот припаѓа во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РСМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
– Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41
3.Потврда за уплатени 750,00 денари – информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на
– жиро сметка 160010368978818,
– депонент НБРСМ со трезорска сметка 100000000063095,
– повикување на број 723012,
– програма 41
– цел на дознака: ИКСА за Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
4. Потврда за уплатени 150,00 денари – за обрасци за упис и заверка на семестар на:
– жиро сметка 160010368978818,
– депонент НБРСМ со трезорска сметка 100000000063095,
– повикување на број 723019,
– програма 41
– цел на дознака: обрасци за упис и заверка на семестар за Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
5.Потврда за уплатени 500,00 денари за трошоци за одржување/користење на центрите за правна клиничка едукација на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
– Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41
6.Потврда за уплатени 2.500,00 денари за набавка на on-line ресурси за реализација на студиските програми на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
– Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41
7.Потврда за уплатени 2500,00 денари за набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
– Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41
Износот од точка: 5, 6 и 7 се уплаќа на две еднакви рати, од кои првата при запишување во зимскиот семестар (при уписот), а втората при запишување на летниот семестар.
Како дел од процесот на дигитализација на административните постапки на Универзитетот, почнувајќи од зимскиот семестар од учебната 2024/2025 година, заверувањето и запишувањето на семестрите ќе се извршува исклучиво по електронски пат, без потреба од пополнување и поднесување на следниве хартиени обрасци:
- Образец за заверување на семестар
- Образец запишување на семестар
на шалтерите на студентските служби.
Системот автоматски ги креира споменатите обрасци врз основа на податоците што студентот ги внесува при изборот на предмети што планира да ги запише во претстојниот семестар (Образец за запишување на семестар).
Согласно упатството/пораката испратена од iknow администраторот on–line уписот на предмети од зимски семестар е задолжителен.
Следете ги чекорите за упис согласно даденото упатство.
Уписот на зимскиот семестар НА ШАЛТЕР – ВО ИНДЕКС во службата за студентски прашања ке се одвива во период од 20.09.2024 година до 01.10.2024 година.
Со почит,
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје