СООПШТЕНИЕ ЗА ЗАВЕРУВАЊЕ И ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА

 

Датум:

Од 23 септември до 10 октомври 2025 година

Час:

Од 11 до 14 часот

Почитувани студенти,

Во период од 23.09.2025 до 10.10.2025 година во службата за студентски прашања ќе се врши заверување на летен и запишување на зимски семестар.

Службата за студентски прашања ќе работи во период од 11:00 до 14:00 часот.

За подетални информации Ви стоиме на располагање на тел. 02/3181-545, praven@pf.ukim.edu.mk, https://www.facebook.com/pravenfakultetjustinijanprvi/.

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

 ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

1. Потврда за уплата на прва рата од партиципација/школарина:

– 100 евра (партиципација);

– 200 евра (школарина, вонредни)

 зависно од квотата во која студентот припаѓа во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РСМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

– Банка на примачот: НБРСМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11

– Приходна шифра: 723012

– Програма 41

2. Статистички прашалник – достапен во книжарниците во кампусот или електронски пополнет и испечатен, како и печатен доказ дека е успешно испратен преку профилот на е – услуги:  https://uslugi.gov.mk/service/obrazec-za-zapishani-studenti-na-dodiplomski-studii-na-fakultetite-i-visokite-struchni-shkoli-voi-5793;

3. Потврда за уплатени 1.000,00 денари за набавка на онлајн ресурси по семестар за реализација на студиските програми на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

– Банка на примачот: НБРСМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11

– Приходна шифра: 723012

– Програма 41

4. Потврда за уплатени 1.000,00 денари за набавка на материјални ресурси по семестар за реализација на студиските програми на следнава жиро сметка:

– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

– Банка на примачот: НБРСМ

– Сметка: 100000000063095

– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11

– Приходна шифра: 723012

– Програма 41

5. Потврда за уплатени 750,00 денари – информативни, културни, спортски, студентски сервиси и други активности на        студентите на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со назнака Одлука на УКИМ за ИКСА, Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, на

Назив на примачот: Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

– жиро сметка 160010368978818,

– депонент НБРСМ со трезорска сметка 100000000063095,

– повикување на број 723012,

– програма 41

– цел на дознака:  ИКСА за Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

6. Потврда за уплатени 100,00 денари – за обрасци за упис и заверка на семестар на:

Назив на примачот: Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје

– жиро сметка 160010368978818,

– депонент НБРСМ со трезорска сметка 100000000063095,

– повикување на број 723019,

– програма 41

– цел на дознака:  обрасци за упис и заверка на семестар за Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Согласно упатството/пораката испратена од iknow администраторот online уписот на предмети од зимскиот семестар е задолжителен.

Следете ги чекорите за упис согласно даденото упатство.

Заверката на летниот и уписот на зимскиот  семестар НА ШАЛТЕР – ВО ИНДЕКС во службата за студентски прашања ке се одвива во период од 23.09.2025 година до 10.10.2025 година.   

 

Со почит,
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје