Датум: |
Од 07 до 18 февруари 2025 година |
Час: |
Од 11 до 14 часот |
Почитувани студенти,
Во период од 07.02.2025 до 18.02.2025 година во службата за студентски прашања ќе се врши заверување на зимски и запишување на летен семестар.
Службата за студентски прашања ќе работи во период од 11:00 до 14:00 часот.
За подетални информации Ви стоиме на располагање на тел. 02/3181-545, praven@pf.ukim.edu.mk, https://www.facebook.com/pravenfakultetjustinijanprvi/.
Термини за заверка и упис:
- 07, 10 и 11 февруари за студентите од прва година;
- 12 и 13 февруари за студентите од втора година и
- 14, 17 и 18 февруари за студентите од трета година и мастер студии
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- Потврда за уплата на втора рата од школарина:
зависно од квотата во која студентот припаѓа во денарска противвредност според средниот курс на Народната банка на РСМ на денот на плаќањето. Уплатата треба да се изврши на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
– Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41
- Потврда за уплатени 500,00 денари за трошоци за одржување/користење на центрите за правна клиничка едукација на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
– Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41
- Потврда за уплатени 2.500,00 денари за набавка на on-line ресурси за реализација на студиските програми на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
– Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41
- Потврда за уплатени 2500,00 денари за набавка на материјални ресурси за реализација на студиските програми на следнава жиро сметка:
– Назив на примачот: Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
– Банка на примачот: НБРСМ
– Сметка: 100000000063095
– Сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11
– Приходна шифра: 723012
– Програма 41
Износот од точка: 2, 3 и 4 се уплаќа на две еднакви рати, од кои првата рата во висина од 2750 денари е платена при запишување во зимскиот семестар (при уписот) а втората рата во висина од 2750 денари се уплаќа при запишување на летниот семестар.
Како дел од процесот на дигитализација на административните постапки на Универзитетот, почнувајќи од зимскиот семестар од учебната 2024/2025 година, заверувањето и запишувањето на семестрите ќе се извршува исклучиво по електронски пат, без потреба од пополнување и поднесување на следниве хартиени обрасци на шалтерите на студентските служби:
- Образец за заверување на семестар
- Образец запишување на семестар
Системот автоматски ги креира споменатите обрасци врз основа на податоците што студентот ги внесува при изборот на предмети што планира да ги запише во претстојниот семестар (Образец за запишување на семестар).
Согласно упатството/пораката испратена од iknow администраторот on–line уписот на предмети од летниот семестар е задолжителен.
Следете ги чекорите за упис согласно даденото упатство.
Заверката на зимскиот и уписот на летниот семестар НА ШАЛТЕР – ВО ИНДЕКС во службата за студентски прашања ке се одвива во период од 07.02.2025 година до 18.02.2025 година.
Со почит,
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје