„Споделување на приказните – Зачувување на меморијата“

Споделување на приказните – Зачувување на меморијата“ (сведоштва од Холокаустот) е јавен настан кој ќе го водат студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“- Скопје кои го следат курсот по Антисемитизам, Холокауст и човекови права. Настанот е фокусиран на 4 клучни теми: Животот во гетата, Духовниот отпор во гетата (архивата на Ојнег Шабес), Востанието во Варшавското гето и искуствата на Холокаустот низ призма на уметноста.
Преземајќи го гласот на жртвите и поддржувајќи се меѓусебно во раскажувањето на приказните на жртвите на својата публика, студентите целат кон ширење на разбирањето на историјата на Холокаустот од длабоко лична перпсектива на пошироката академска заедница.
Студентите се подготвуваа под менторство на проф. Елена Михајлова Стратилати.

Датум: 30.4.2024 (Среда)
Време: 13:30
Место: Читална на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје