Во рамките на проектот MOBILEurope, каде Правниот факултет „Јустинијан Први“ е еден од партнерите, се подготви научна статија во која се образложени одредени аспекти кои што се однесуваат на влијанието на Ковид-19 кризата врз мобилните работници во смисла на вработувањето, условите за работа и социјалната заштита, утврдувајќи ја улогата и влијанието на социјалниот дијалог и колективното преговарање со цел на ублажување на негатовните предизвици и влијанија.
Проектот MOBILEurope има основна цел да ги промовира анализата и истражувањето на индустриските односи во врска со позицијата на мобилните работници за време на пандемијата Ковид-19 на ниво на ЕУ и даде еден компаративен поглед (идентификување на конвергенции и разлики во системите за индустриски односи во земјите членки на ЕУ и земјите кандидати). Ова истражување претставува значаен придонес и промоција на размената на информации и искуства помеѓу страните кои се активно вклучени во индустриските односи, со цел понатамошен развој и зајакнување на структурите на индустриските односи во Европа.
Oвој проект е кофинансиран од страна на Европската Унија.