Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во соработка со GIZ, во периодот помеѓу 19-23.11.2019 година организираше зимска школа и подготвителен натпревар од областа на инвестициската арбитража. На настанот, покрај студентскиот тим на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, учествуваа и студентските тимови од Правните факултети во Белград, Сараево, Зеница и Подгорица. На подготвителниот натпревар, нашите студенти, Марија Крстева, Теа Мицевска, Александар Колариќ и Филип Ацевски беа најдобро рангирани. Предавачи на летната школа беа професорите од правните факултети и адвокати од Германија. Настанот се одржа како подготовка за натпреварот Frankfurt Investment Arbitration Moot, кој ќе се одржи во Франкфурт, Германија во месец март 2020 година. Студентскиот тим на нашиот факултет е под менторство на проф. д-р Тони Дескоски, доц. д-р Вангел Доковски и доц.д-р Марко Кртолица.