Материјали за учење и есеи за студентите кои го слушаат предметот Административно право

Почитувани студенти,

Имајќи го предвид привремениот прекин на наставата на високо-образовните установи, наставните целини по предметот Административно право кои требаше да бидат опфатени на 16.03.2020 и 23.03.2020 година ќе се учат преку читање на материјата од учебникот по Административно право (достапен на: http://www.ukim.edu.mk/e-izdanija/PRF/Administrativno_pravo_I.pdf). Освен тоа, Ве охрабруваме да ги проучите и следните две презентации:

· Одговорност на администрацијата (ЛИНК);

· Кадри во администрацијата (ЛИНК).

Во поглед на вежбите, Ве охрабруваме да пишувате есеи на теми поврзани со соодветните наставни целини. Иструкциите за пишувањето на есеите можете да ги пронајдете во Упатството (ЛИНК).

Срдечно,

проф. д-р Борче Давитковски

проф. д-р Ана Павловска-Данева

проф. д-р Ивана Шумановска Спасовска

м-р Константин Битраков