СООПШТЕНИЕ

Согласно Заклучокот на 11 Седница на Владата на Република Северна Македонија одржана на 25.02.2020 година, Министерството за образование и наука Ви ги доставува следните насоки за итно постапување:

  1. ПРЕПОРАКА :
    Владата на Република Северна Македонија ги известува сите вработени во високото образование и научните установи, како и сите студенти ДОКОЛКУ во последниве 2 (две) недели патувале или живеат со некој којшто патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија-Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е наредните две недели (започнувајќи од утре – 27.02.2020 година) да бидат ослободени од работни обврски и настава и да не доаѓаат на работно место односно студентите кои патувале во овие региони или живеат со некој кој патувал во овие региони да бидат ослободени од настава.
    Доколку во високообразовната установа има вработени или студенти кои патувале во наведените региони или живеат со некој кој патувал во овие региони, потребно е ВЕДНАШ да ги доставите следниве податоци:
     дали има такви лица,
     колку има такви лица,
     податоци за истите (име и презиме на вработениот/студентот)
    на следнава email адреса:savce.zdravkovska@mon.gov.mk
  2. ЗАДОЛЖЕНИЕ:
    – Се задолжуваат сите високообразовни и научни установи да ги одложат сите планирани патувања и екскурзии во Република Италија.
  3. Министерството за образование и наука АПЕЛИРА континуирано да се следат насоките и препораките од Светската здравствена организација, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и Владата на Република на Северна Македонија.
    Повеќе информации за препораките и задолженијата од Владата можете да добиете на следниот линк: https://vlada.mk/node/20317.