ТЕРМИН ЗА ИСПИТИ КАЈ Ј. ДАБОВИЌ, Н. ГАВРИЛОВИЌ И Н. ЗДРАВЕВА: МАРТОВСКА ДОПОЛНИТЕЛНА СЕСИЈА

Се известуваат студентите дека испитите по следните предметни програми:

• договорно право (задолжителна за насока по граѓанско право),

• право на интелектуална сопственост (задолжителна за насока по деловно право),

• Competition & Antitrust (задолжителна за насока по право на интелектуална сопственост),

• отштетно право (изборна од модул за насока по граѓанско право),

• право на интелектуална сопственост (изборна од модул за насока по граѓанско право),

• конкурентско право (опциона од деветти семестар),

• потрошувачко право (опциона од деветти семестар),

• договорно право (опциона од деветти семестар),

• интернет право (опциона од деветти семестар),

• право на интелектуална сопственост (опциона од деветти семестар),

• договори на автономната трговска практика (опциона од деветти семестар), и

• отштетно право (опциона од деветти семестар),

ќе се одржат на 28.03.2018 година, со почеток од 16:00 часот, во амф. 4.

Студентите со себе задолжително да носат индекс, уредно пополнета пријава за испит, доказ за уредена обврска за административна такса, како и доказ за уредена обврска за полагање во дополнителна сесија. За студентите запишани на мастер студиите во вториот (февруарски) уписен рок од академската 2017/2018 година, испитната сесија се смета за редовна, со тоа што во рамките на оваа сесија студентите запишани на мастер студиите во вториот (февруарски) уписен рок од академската 2017/2018 година имаат право да полагаат само договорно право (задолжителна за насока по граѓанско право) и право на интелектуална сопственост (задолжителна за насока по деловно право).

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux