Свечено доделување на 164 дипломи на магистри од повеќе области

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, денес, 24 декември 2018 година, во свечениот амфитетар на Факултетот, свечено беа доделени 164 дипломи на магистри од областа казнено право, право на интелектуална сопственост, административно право и јавна администрација, граѓанско материјално право и граѓанско процесно право, меѓународно право и меѓународни односи и право на ЕУ, политички студии – дипломатија и меѓународни односи, применета политика, европски институции и политики, односи со јавност, деловно право, корпоративно право, финансии и финансово право и уставно право.

На свеченоста, магистрите ги поздрави деканот на Првниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, проф. д-р Горан Коевски кој заедно со раководителите на студиите им ги врачија дипломите на магистрите.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux