Годишна конференција, летен семестар, 3 циклус

Почитувани, 

На третиот циклус на студии во летниот семестар во делот на предавања и друг вид на комуникациски активности се опфатени следниве активности согласно Академскиот календар на Универзитетската школа за докторски студии за учебната 2021/2022 година: 

− Прва годишна конференција (втор семестар); 

− Втора годишна конференција (четврти семестар); 

− Трета годишна конференција (шести семестар). 

Годишната конференција согласно објавениот термин од Универзитетската школа за докторски студии е предвидена да се одржи во период од 19.04.2022 до 10.05.2022 година. 

Реализираната активност „Годишна конференција” и доделувањето на ЕКТС-кредити се остварува со: 

1. Пријава за годишна конференција (Образец O11-ГК-Пријава за годишна конференција); 

2. Записник – потпишан од тричлена комисија (член од Универзитетскиот стручен совет, раководител на студиска програма и ментор); за студентите коишто студиираат согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии-докторски студии од 2013 година и 2020 година или  

Записник – потпишан од тричлена комисија (член од Универзитетскиот стручен совет, раководител на студиска програма и член од студиската програма по предлог на советот на студиската програма) за студентите коишто студиираат согласно Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии-докторски студии од 2019 година; 

3. Потпис од раководителот на студиската програма во индекс. 

1. Прва годишна конференција 

Услов за доделување на ЕКТС-кредити е подготовка на краток труд кој содржи преглед на актуелната литература поврзана со истражување на специфична област, како можност за изработката на докторскиот труд и презентација на истиот на првата годишна конференција. 

2. Втора годишна конференција 

Услов за доделување на ЕКТС-кредитите е подготовка на презентација за рецензираниот труд од првиот докторски семинар и јавно презентирање на трудот. 

3. Трета годишна конференција 

Услов за доделување на ЕКТС-кредитите е подготовка на презентација за рецензираниот труд од вториот докторски семинар и јавно презентирање на трудот