ЕЛСА – Moot Court Comptetition

На 21ти и 22ти мај 2022 година, ЕЛСА Северна Македонија со свој тим зеде учество на XVI Регионален МООТ Court напревар во симулација на постапката пред Европскиот суд за човекови права.
Тимот на ЕЛСА Северна Македонија, „Јустинијана Прима“, кој одлично се претстави на натпреварот и го доби второто место се состоеше од Симеона Стефаноска, Цане Малов и Исмаил Мустафа во улога на апликанти и Харис Бачевац, Јана Иванова и Памела Иванова, кои се најдоа во улога на држава.
Регионалниот MOOT Court натпревар се одржува традиционално секоја година и претставува еден од најпрестижните MOOT Court натпрвари во Европа, во организација на шведската невладина организација Civil Rights Defenders. Целта на натпреварот е да ги обучи студентите за Европската конвенција за човекови права и основни слободи, како и за постапката пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Покрај тимот на ЕЛСА Северна Македонија кој го претставуваше Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје и кој воедно беше единствениот тим од Република Северна Македонија кој зеде учество на натпреварот, на натпреварот учествуваа и правните факултети од Љубљана, Загреб, Ниш, Подгорица, Мостар, Тирана, Нови Сад и Сараево.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux