Предметот ЕКМО ќе се следи на следниов начин.
Студентите се задолжени да го прочитаат целиот материјал во прилог во согласност со приложениот редослед (редослед на читање на материјалите ).
· Routledge Handbook of Ethnic Conflict ( Ed. Karl Cordell and Stefan Wolff) (во прилог pdf)
· Хантингтон, С. „Судирот на цивилизациите“ Крстопати, 2010 (pdf во прилог, 19-103 стр)
· Данаилов-Фрчкоски Љ, Преговарање во конфликти на идентитети, Темплум (во прилог PPT)
· Илиевски Зоран, ,,Интегративниот модел на делење на моќта и случајот на Република Македонија” (во прилог pdf)
· Чупеска, С,А”Мултикултурна Акомодациjа”, Везилка, 2017 (е-book во прилог)
ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Електронските верзии од трудовите ќе ги добиете во нареден маил преку WeTransfer заради обемот на фајловите. Истите може да се симнат во рок од 7 дена, а потоа линкот не е валиден.
Откога ќе го прочитате зададениот материјал, секој студент е задолжен да изготви академски труд, а во врска со конфликт кој ќе го избере од интерактивната мапа (Интерактивна мапа за сите конфликти во светот https://ucdp.uu.se/). Студентите сами одлучуваат кој конфликт ќе го изберат и до предметниот професор доставуваат детален список со име прзиме и број на индекс за избраните т.е. пријавени трудови.
Може да ги контактирате предметните професори во врска со изработката на трудовите, а контактите се во CC на овој меил.
Академскиот труд треба да содржи референци, цитати и не смее да биде плагијат. Треба да содржи минимум 10, а максимум 18 страници со следниве параметри: фонт 12 во Times New Roman и 1.5 проред. Содржината на трудот треба да ја следи следнава структура :
I. Вовед
II. Историјат на односите на конфликтните страни
III. Причини за настанувањето на конфликтот
IV. Начини на решавање на конфликтот
V. Заклучок
VI. Библиографија
Рокот за доставување на трудовите е 30.Мај. 2020
Сите предметни професори Ви стојат целосно на располагање, преку нивните маил адреси:
Проф. д-р Зоран Илевски(z.ilievski@pf.ukim.edu.mk)
Проф.д-р Ирена Рајчиновска Пандева ( i.rajchinovskapandeva@pf.ukim.edu.mk)
Проф.д-р Ана Чупеска (a.chupeska@pf.ukim.edu.mk)
Доц. д-р Христина Рунчева Тасев (h.runcevatasev@pf.ukim.edu.mk)