СООПШТЕНИЕ

Се известуваат студентите од втора година политички студии, втора година политички студии на англиски јазик и трета година студии по новинарство дека постапувајќи по Известувањето за постапување донесено од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија бр.14-3812/1 поради прекинот на настава во период од 14 дена почнувајќи од 11.3.2020 година, катедрата по административно право и јавна администрација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ овозможува наставните обврски да се изведат по електронски пат.

Во таа насока, покрај доставените материјали за соодветните тематски единици студентите можат да се пријават за изработка на проектна задача во форма на писмен есеј (до две страници пишан текст, фонт 12, проред 1.5 на формат А4), на зададена тема како индивидуална работа или како групна задача на најмногу три студенти. Во прилог на соопштението се електронските материјали како и областите од кои можат да се одберат теми за изработка на проектна задача.

Изработените проектни задачи студентите можат по електронски пат да ги достават до кој било од наставниците и соработникот од катедрата ангажирани на предметот јавна администрација:

Проф. д-р Борче Давитковски: bdavitkovski@yahoo.com; b.davitkovski@pf.ukim.edu.mk;

Проф. д-р Ана Павловска Данева: anapd222@yahoo.com; a.pavlovskadaneva@pf.ukim.edu.mk;

Проф. д-р Драган Гоцевски: dragangocevski@gmail.com; d.gocevski@pf.ukim.edu.mk;

М-р Константин Битраков: bitrakovk@gmail.com.

Во прилог се материјалите во zip форма.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux