ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВЛЕЗЕН КОЛОКВИУМ ПО ПРЕДМЕТОТ ФИНАНСОВО ПРАВО

Почитувани студенти,

влезниот колоквиум по предметот Финансово право ќе се спроведе на 16.11 (среда) со почетокот во 12 часот, согласно следниот распоред по простории:

  • студентите чии презимиња започнуваат со А – Ј – во амф.2,
  • студентите чии презимиња заполнуваат со К-Р – во амф.3, и
  • студентите чии презимиња започнуваат со С-Ш – во амф.4.

Почитувањето на овој распоред е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!

Влезниот колоквиум е предуслов за полагање на испитот по Финансово право за редовните студенти (студентите кои редовно го имаат запишано предметот, како и оние кои предметот го имаат презапишано!!!). Вонредните студенти немаат обврска за полагање влезен колоквиум, туку доаѓаат директно на испит, при што статусот редовен/вонреден ќе се проверува од индексот на увид.

Колоквиумот ќе се спроведе на материјалот од првите шест недели и истиот ќе се оценува описно “положил/неположил”. Студентите кои влезниот колоквиум нема да го положат во овој термин, истиот ќе го преполагаат во дополнително определен термин пред спроведување на завршниот испит по Финансово право во јануарската испитна сесија.

Катедра по финансово право

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux