Конечна ранг листа на кандидати за упис на трет циклус на стдуии за студиската програма правни науки (втор уписен рок) за академската 2020/21 година на УКИМ

Почитувани,
Во прилог се објавува Конечна ранг листа на кандидати за упис на трет циклус на стдуии за студиската програма правни науки (втор уписен рок) за академската 2020/21 година на УКИМ. Уписот на кандидатите ќе се одвива на 25.1. – 29.1.2021 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

Потребна докумантација:
При запишувањето, (од 25.1. – 29.1.2021 ), кандидатите ги поднесуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар, сите документи кои ги доставиле преку електронска пошта во скенирана форма. Потребната документација за упис е следната:
  • индекс и пријавни листови;
  • две фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3);
  • потврда за уплатена прва рата од школарината.
  • – 250 евра во денарска противвредност се уплаќаат на сметка на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава сметка: 160 010 3689 788 18; приходна шифра и програма: 723012 41; банка на примач: Народна банка на Република Македонија;
  • – 1000 евра се уплаќаат на сметка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, на следнава сметка: 100000000063095; – сметка на буџетски корисник – единка корисник 1600103700 788 11; приходна шифра и програма 723012 41; – цел на дознака: Уплата на рата за трет циклус на студии;
  • уверение за положени испити од прв циклус студии односно од додипломски студии
  • уверение за положени испити од втор циклус студии односно од постдипломски студии
  • диплома од прв циклус студии односно од додипломски студии
  • диплома од втор циклус студии односно од постдипломски студии
  • сертификат/ уверение за познавање на светски јазик
  • кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р.С.Македонија.
  • Конечна согласност од ментор (Обраец на страната на Школата на докторски студии на УКИМ)
  • избор на предмети за стекнување на знаења од полето на истражување*
  • избор на предмети за генерички знаења (општи) за Методологија и Етика од 30% од УКИМ*
  • избор на изборен предмет за стекнување на генерички знаења од листа на УКИМ*
* Се пополнуваат при уписот на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје во координација со менторот
Документите се доставуваат до администраторот за третиот циклус на студии при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, м-р Илија Манасиев (контакт: i.manasiev@pf.ukim.edu.mk).
контакт лице: доц. д-р Илија Руменов (i.rumenov@pf.ukim.edu.mk)
Совет на докторски студии за студиската програма правни науки.
WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux