Пријавувањето на кандидати на Вториот циклус студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје (втор уписен рок) ќе се спроведе во периодот помеѓу 8.1-2.3.2020 година. Пред пријавувањето, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување. Пријавувањето се врши со поднесување на пријава преку Службата за студентски прашања.
Со пријавата кандидатите поднесуваат:
- пријавен лист за запишување;
- електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
- оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
- куса биографија (CV);
- потврда за активно познавање странски јазик;
- препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
- список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
- документи за евентуални награди, признанија и други документи.
За дополнителни информации, контактирајте ја Службата за студентски прашања.
Преземете ТУКА.