КОНКУРС за запишување студенти на втор циклус студии -ВТОР УПИСЕН РОК на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2019/2020 година

Пријавувањето на кандидати на Вториот циклус студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје (втор уписен рок) ќе се спроведе во периодот помеѓу 8.1-2.3.2020 година.  Пред пријавувањето, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавниот лист што се поднесува при пријавувањето за запишување. Пријавувањето се врши со поднесување на пријава преку Службата за студентски прашања.

Со пријавата кандидатите поднесуваат:

  • пријавен лист за запишување;
  • електронска пријава (од www.upisi.ukim.mk);
  • оригинален документ за завршен прв циклус студии (диплома или уверение);
  • куса биографија (CV);
  • потврда за активно познавање странски јазик;
  • препораки од наставни или научни работници (доколку има такви);
  • список на стручни или научни трудови и примерок од нив (доколку кандидатите имаат);
  • документи за евентуални награди, признанија и други документи.

За дополнителни информации, контактирајте ја Службата за студентски прашања.

Преземете ТУКА.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux