Согласно член 3 од Правилникот за постапка за издавање под закуп на недвижен имот на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр.400/2018) и овластувањето од Ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје 13-325/2 од 06.03.2020 година година, Деканот на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје распишува
О Г Л А С бр. 3/2020
за издавање на недвижен имот под закуп
- Закуподавач
Закуподавач на недвижниот имот, предмет на овој јавнен повик е Правен факулет „Јустинијан први“ – Скопје при Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
- Предмет и услови на издавање под закуп
Се издава под закуп недвижен имот:
2.1. Недвижен имот за отворање на бифе со површина од 181 метри квадратни (главен простор) и 10 метри квадратни (внатрешен магацин), вкупно 191 метри квадратни кој се наоѓа во состав Факултетот, за продажба на прехранбени производи и безалкохолни пијалоци.
2.2. Недвижен имот како помошна просторија за потребите на бифето под точка 2.1. на овој оглас со површина од 67,2 метри квадратни и кујна од 11,5 метри квадратни со вкупна површина од 78,7 метри квадратни (наставнички клуб).
Поблиските услови за закуп се дефинирани со документацијата за јавниот повик. Критериум за избор е економски најповолна понуда.
- Документација за огласот
Техничката документацијата за огласот е објавена на интернет страницата на факулетот www.pf.ukim.edu.mk и може да се подигне од архивата на Факулетот, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот до крајниот рок за поднесување на понуди.
- Право на учество
Право да достави понуда и да учествува во постапката има секое заинтересирано домашно правно лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на јавниот повик и кое ги исполнува условите наведени во документацијата.
- Времетраење на повикот и доставување на понуди
Јавниот повик трае 7 (седум) работни дена од денот на објавувањето. Понудите се доставуваат во затворен плик без ознаки во архивата на Правниот факулет „Јустинијан Први“ – Скопје. Крајниот рок за доставување на понудите е на 11.06.2020 во 15:00 часот. Јавното отварање на понудите ќе се изврши во просториите на Факулетот во терминот определен во Техничката документација по огласот.
Техничка документација – преземете тука.
Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје
Правен факулет „Јустинијан Први“ во Скопје
02/06/2020