Повик за практикантска програма

Македонското здружение на млади правници објави повик за вклучување во практикантска програма за млади правници, која ќе се спроведува во периодот од април до јуни 2020 година, во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Куманово и Тетово.
Програмата се спроведува во соработка со судовите во Република Северна Македонија, Народниот правобранител, граѓански организации и адвокатски канцеларии.
Програмата за практикантска работа опфаќа спроведување на практична работа во траење од 3 месеци во една институција и учество на обуки кои ќе им помогнат на младите правници да стекнат дополнителни знаења.
Сите заинтересирани млади правници кои сакаат да бидат дел од практикантската програма може да се пријават преку испраќање на кратко резиме/CV и пополнет формулар на e- mail  amarkovska@myla.org.mk најдоцна до 22.03.2020 година.
Формуларот можете да го најдете на објавениот јавен повик на нашата веб страна каде можете да прочитате и повеќе информации за самата практикантска програма и начинот на спроведување.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux