Центарот за образовна политика (CEP), Србија, Центарот за наука и иновации за развој (SCiDEV), Албанија и Младинскиот образовен форум (МОФ), Северна Македонија, објавуваат повик за учество во Регионалната програма за младинско лидерство за мобилност (RYLMP) за 2022/23. Оваа програма е финансирана од канцелариите на Фондацијата Отворено Општество во Албанија, Србија и Северна Македонија.
Програмата е отворена за млади (20-30 години) од академијата и граѓанските организации, млади професионалци и младински активисти во соодветните земји кои се заинтересирани за развој на капацитети во областа на истражување, застапување, лидерство, активизам, интеркултурна размена и зајакнување на регионалната соработка меѓу Албанија, Северна Македонија и Србија.
Кандидатите треба да аплицираат со свои индивидуални предлози за застапување кои се фокусираат на една од темите: а) Регионална соработка, б) Образование и можност за вработување, в) Миграција и одлив на мозоци, г) Учество на млади и д) Младинска акција за животна средина. .
Накратко, избраните кандидати ќе имаат можност да:
-Земат учество на настанот за отпочнување каде што ќе се здружат со нивните колеги од другите соодветни земји во зависност од нивната тема на интерес – Земат учество во онлајн/офлајн модули за обука поврзани со собирање податоци (на пр. различни методологии и алатки за собирање податоци,деск истражување, спроведување интервјуа, прегледување документи,, пишување на документи за јавни политики итн.) со цел да стекнат цврста основа заснована на докази за нивните активности за застапување – Земат учество во програма за мобилност до вкупно 9 недели во Белград, Тирана и Скопје, каде што тимовите ќе истражуваат и ќе собираат податоци релевантни за нивната тема на интерес – Развиваат акции за застапување базирани на докази или податоци и планови за нивна имплементација со цел да се залагаат за решенија за прашањето на кое работеле – Земат учество на завршниот настан кој ќе послужи за ширење на наодите од нивната работа во периодот на мобилност.
RYLMP 2022/3 ќе обезбеди финансиска поддршка на избраните кандидати во форма на грант за мобилност кој покрива: патување, сместување и трошоци за живот за време на мобилноста во секоја земја; патување и сместување и дневници за отворање и завршна конференција и други трошоци поврзани со акциите за застапување
Крајниот рок за аплицирање е 31-ви декември 2022 година.
Доколку сметате дека ова е корисна можност за студентите од Вашата институција, Ве молиме споделете го повикот со студентите.
Повеќе за процесот на аплицирање можете да прочитате овде:
Доколку имате дополнителни прашања, Ве молиме обратете се на следниот мејл: joana_treneska@mof.org.mk или rylmp2021@gmail.com