СООПШТЕНИЕ

 Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје навремено ги достави податоците за запишан летен семестар во учебната 2019-2020 година до Фондот за здравствено осигурување на РСМ, односно студентите коишто запишале летен (тековен) семестар во учебната 2019-2020 година нема потреба да вадат потврда за статус на студент од службата за студентски прашања за здравствено осигурување. Вашите матични лекари можат да проверат преку апликацијата “мое осигурување”