Почитувани студенти,
Врз основа на чл.18 од Правилата за избор на претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје, Изборната Комисија го објавува прелиминарниот Избирачки Список на студенти со право на гласање.
Согласно Правилата, гласањето ќе се спроведе по електронски пат на 9.12.2021 година (четврток), преку формулари за гласање испратени на денот на одржувањето на изборите, на официјалните студентски електронски адреси со екстензија „@students.pf.ukim.mk”. Со цел, преземање на сите неопходни дејствија за навремено подготвување на Изборите, Изборната Комисија ги известува студентите дека рокот за увид во Избирачкиот Список трае заклучно со 3 декември 2021 (петок).
Во погоренаведениот рок, секој студент може да побара исправка или дополнување на избирачкиот список, како и техничка помош или поддршка за активирање на персонализираниот, официјален студентски мејл со екстензија „@students.pf.ukim.mk”, со поднесување на барање преку Архивата или преку официјалниот мејл на Правниот факултет (praven@pf.ukim.edu.mk).
По истекот на горенаведениот рок, Изборната комисија ќе го објави Конечниот избирачки список на студенти со право на глас на претстојните избори за претседател и членови на Факултетското студентско собрание на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје.