Правниот факултет „Јустинијан Први“во Скопје во соработка со Université Paris Nanterre (Франција) and Westfälische Wilhelms-Universität Münster (Германија) со задоволство Ве известува дека во перодот помеѓу 20-23 септември 2018 година ќе се одржи Четвртата летна школа. Школата ќе се одржи во просториите на Правниот факултет, а учесници се студенти, професори и докторанди од Франција, Германија, Србија, Косово и Република Македонија. Оваа година, летната школа ќе се одржи на тема „Балканските држави и нивните односи со Европската Унија и регионалните меѓународни организации: можности за приближување и соработка“.