Јавно предавање – Рушење на ѕидовите од дезинформации

Europe House ве кани на почесно предавање на литванскиот експерт д-р Неријус Малиукевичиус насловено „Рушење на ѕидовите од дезинформации“ кое ќе се одржи во вторник, 12 март 2024, на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје. Во своето излагање д-р Малиукевичиус ќе се осврне на предизвиците во справувањето со лажни наративи, пропаганда и дезинформации. Учесниците ќе имаат можност да бидат дел од настанот преку учество во завршната дебата на предавањето. 

 

Д-р Неријус Малиукевичиус е водечки литвански експерт за медиуми и кризна и стратешка комуникација, со геополитички фокус на улогата на Русија и Белорусија по овие прашања. Автор е на две книги и бројни публикации. Неговата истражувачка дејност вклучува теми како што се справување со дезинформации, зголемување на медиумската писменост и градење на општествена отпорност кон лажни вести и манипулации. 

 

Настанот го организира Europe House во соработка со Делегацијата на Европската Унија, Канцеларијата на Амбасадата на Република Литванија во Северна Македонија и Правниот факултет „Јустинијан Први“.

 

Локација: Правен факултет „Јустинијан Први“
Датум: 12.03.2024 година, вторник
Време: 11:00 часот
Јазик: Англиски
 
#TeamEurope
#Дезинформации
#EuropeHouse