Се известуваат студентите дека завршните испити по следните студиски програми: Договорно право, Право на интелектуална сопственост, Отштетно право, Конкурентско право, Потрошувачко право, Интернет право, Договори на автономната трговска практика, Introduction to IP, Copyright and Related Rights, Competition & Antitrust ќе се одржат на 09.11.2017 година, со почеток од 10:00 часот, во амфитеатар 4.
Студентите со себе задолжително да носат индекс, уредно пополнета пријава за испит, доказ за уредена обврска за административна такса, како и доказ за уредена обврска за полагање во казнена сесија. Доколку има поклопување на полагање на повеќе студиски програми во ист термин, во однос на изборните и опционите предмети, дополнителни термини ќе бидат договорени во закажаниот термин.