Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Врховниот суд на Република Северна Македонија склучија меморандум за соработка

(23.12.2024 г.) Деканот на Правниот факулет „Јустинијан Први“, проф. д-р Сашо Георгиевски и претседателката на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, во Врховниот суд потпишаа Меморандум за соработка.

Со склучениот Меморандум се унапредува соработката на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и на Врховниот суд преку вклученост на судиите во стручниот дел на наставата, учество на наставниот кадар на факултетот за прашања пред Општата седница, организирање на конференции, семинари, работилници, тркалезни маси, заедничко изготвување на анализи, стручни и научни мислења и истражувања и размена на информации. Од особено значење е овозможувањето на практикантска и волонтерска работа во Врховниот суд за помош во спроведувањето на секојдневните активности на судот, за студентите на прв и втор циклус на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје.