Ги повикуваме сите наши колешки и колеги од ПФ “Јустинијан Први” на заеднички студентски состанок, кој ќе се одржи оваа среда (26.3.2025) со почеток од 17:00 ч. во Читалната на факултетот.
Важно е да се слушнеме и размениме мислења, заеднички да продискутираме за сите можности и предизвици поврзани со актуелните случувања, факултетот и високото образование и дојдеме до предлози, иницијативи и идеи за взаемно подобрување на нашето секојдневие.
Би ни значело Вашето присуство. Ве охрабруваме да земете активно учество во заедничкиот состанок.
Колегијален поздрав,
ФСС – ПФ.“