Учество на Правниот факултет „Јустинијан Први” во меѓународниот проект „Реструктурирање на друштвата и правото на ЕУ”

Правниот Факултет „Јустинијан Првиво Скопје, учествува во реализацијата на Меѓународниот проект „Реструктурирање на друштвата и правото на ЕУ(Restructuring of Companies and the EU Law – RoCEU). Проектот е поддржан од страна на Австриската агенција за меѓународна соработка во областа на образованието и истражувањата (OAED – Austrian Agency for International Cooperation in Education and Research) и е составен дел од Програмата за кооперација во Високото Образование (The New Cooperation Programme for Higher Education – IMPULSЕ). Временската рамка на проектот е периодот 2016- 2018.

Главен координатор на Проектот е Универзитетот за економија и бизнис во Виена (Wirtschaftsuniversität Wien – WU), а учесници во проектот се Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” – Скопје (преку Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје) и Универзитетот во Београд (преку Правниот факултет во Београд).

Членови на RoCEU IMPULSE Проектот од Правниот Факултет „Јустинијан Први” се: проф.д-р Тодор Каламатиев (во својство на национален координатор и експерт по трудово право), проф.д-р Горан Коевски (член на проектот и експерт по право на друштва) и доц.д-р Александар Ристовски (член на проектот и експерт по трудово право).

RoCEU IMPULSE Проектот, содржи детална програма со активности кои вклучуваат: организација на меѓународни конференции (на кои учество земаат видни експерти во областите трудово право и право на друштвата, социјални партнери, претставници на пошироката академска заедница и слично), академски курсеви (наменети за студентите од соодветните правни области), можност за мобилност на научниот кадар (студиски престој на WU Универзитетот во Виена), набавка на стручна литература за унапредување на наставно-научниот процес и финална меѓународна конференција во Виена. Резултатите од спроведените истражувања ќе се објават во престижни меѓународни часописи.

 

Во рамките на Проектот, до сега, реализирани сé следните активности:

  • Почетна (kick-off) средба во WU Универзитетот во Виена (од 02-04 јуни, 2016 година)на која со свое присуство и дискусии учествуваа проф.д-р Тодор Каламатиев и доц.д-р Александар Ристовски
  • Меѓународна Конференција со наслов „Restructuring of Companies and Protection of Employees’ Rights: Views from the EU, Austria, Serbia and Маcedonia” и Macedonia” и Академски Курс наменет за студентите на Правниот факултет во Белград (кои се одржаа на Универзитетот во Белград, во периодот 02-04 март, 2017 година) – на кои со свое присуство, презентација и предавање учествуваа проф.д-р Тодор Каламатиев и доц.д-р Александар Ристовски
  • Меѓународна Конференција со наслов Restructuring of Companies and Their Consequences in Relation to Employees: Conditions, dilemmas and challenges in the laws of the EU, Austria, Macedonia and Serbia” и Академски Курс со наслов Restructuring of Companies and the EU Law: Key Labour Law and Company Law Aspects” наменет за студентите на Правниот Факултет „Јустинијан Први” (кои се одржаа на Правниот Факултет „Јустинијан Првиво Скопје, во периодот 06-08 ноември, 2017 година) – на кои со свое присуство, презентација и предавање учествуваа проф.д-р Тодор Каламатиев, проф.д-р Горан Коевски и доц.д-р Александар Ристовски.

Меѓународната Конференција, се состоеше од четири различни сесии, на кои, со своја презентација учествуваа различни говорници. Првите две сесии, беа посветени на проблематиката на „реструктурирањето”, анализирана низ призмата на трудовото право, додека вторите две сесии ја третираа истата проблематика од аспект на компаниското право. Покрај членовите на националните истражувачки тимови во RoCEU IMPULSE Проектот од WU Универзитетот во Виена, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј (Правен Факултет „Јустинијан Први”), и Универзитетот во Белград, свое учество во својство на презентери на Конференцијата земаа и други професори од Правниот Факултет „Јустинијан Први”, претставници на социјалните партнери, судии, претставници од неколку компании и експерти од практиката.

Академскиот Курс, опфати повеќе предавања наменети за студентите од Правниот Факултет. Предавањата беа распоредени во три последователни дена и на нив, студентите можеа да се запознаат со клучните аспекти на правото на ЕУ во делот на „реструктурирањето на друштвата и последиците во однос на работниците” и хармонизацијата на трудовото право и правото на друштвата на Република Македонија и Република Србија со правото на ЕУ. На Академскиот Курс, присуствуваа вкупно 40 студенти од првиот, вториот и третиот циклус на студии на Правниот Факултет.