ОГЛАС

Согласно член 3 од Правилникот за постапка за издавање под закуп на недвижен имот на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр.400/2018) и овластувањето од Ректорот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје 13-325/2 од 06.03.2020 година година, Деканот на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје распишува

О Г Л А С бр. 3/2020

за издавање на недвижен имот под закуп

 

  1. Закуподавач

Закуподавач на недвижниот имот, предмет на овој јавнен повик е Правен факулет „Јустинијан први“ – Скопје при Уни­верзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

  1. Предмет и услови на издавање под закуп

Се издава под закуп недвижен имот:

2.1. Недвижен имот за отворање на бифе со површина од 181 метри квадратни (главен простор) и 10 метри квадратни (внатрешен магацин), вкупно 191 метри квадратни кој се наоѓа во состав Факултетот, за продажба на прехранбени производи и безалкохолни пијалоци.

2.2. Недвижен имот како помошна просторија за потребите на бифето под точка 2.1. на овој оглас со површина од 67,2 метри квадратни и кујна од 11,5 метри квадратни со вкупна површина од 78,7 метри квадратни (наставнички клуб).

Поблиските услови за закуп се дефинирани со документацијата за јавниот повик. Критериум за избор е економски најповолна понуда.

  1. Документација за огласот

Техничката документацијата за огласот е објавена на интернет страницата на факулетот www.pf.ukim.edu.mk и може да се подигне од архивата на Факулетот, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот до крајниот рок за поднесување на понуди.

  1. Право на учество

Право да достави понуда и да учествува во постапката има секое заинтересирано домашно правно лице – понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на јавниот повик и кое ги исполнува условите наведени во документацијата.

  1. Времетраење на повикот и доставување на понуди

Јавниот повик трае 7 (седум) работни дена од денот на обја­вувањето. Понудите се доставуваат во затворен плик без ознаки во архивата на Правниот факулет „Јустинијан Први“ – Скопје. Крајниот рок за доставување на понудите е на 11.06.2020 во 15:00 часот. Јавното отварање на понудите ќе се изврши во просториите на Факулетот во терминот определен во Техничката документација по огласот.

Техничка документација – преземете тука.

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје

Правен факулет „Јустинијан Први“ во Скопје

02/06/2020