Почитувани,
Во прилог се објавува Конечна ранг листа на кандидати за упис на трет циклус на стдуии за студиската програма правни науки (втор уписен рок) за академската 2020/21 година на УКИМ. Уписот на кандидатите ќе се одвива на 25.1. – 29.1.2021 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.
Потребна докумантација:
При запишувањето, (од 25.1. – 29.1.2021 ), кандидатите ги поднесуваат во оригинал или фотокопија заверена на нотар, сите документи кои ги доставиле преку електронска пошта во скенирана форма. Потребната документација за упис е следната:
- индекс и пријавни листови;
- две фотографии (две фотографии со димензии 3,5 х 4,5 и една со димензии 2 х 3);
- потврда за уплатена прва рата од школарината.
- – 250 евра во денарска противвредност се уплаќаат на сметка на Школата за докторски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на следнава сметка: 160 010 3689 788 18; приходна шифра и програма: 723012 41; банка на примач: Народна банка на Република Македонија;
- – 1000 евра се уплаќаат на сметка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, на следнава сметка: 100000000063095; – сметка на буџетски корисник – единка корисник 1600103700 788 11; приходна шифра и програма 723012 41; – цел на дознака: Уплата на рата за трет циклус на студии;
- уверение за положени испити од прв циклус студии односно од додипломски студии
- уверение за положени испити од втор циклус студии односно од постдипломски студии
- диплома од прв циклус студии односно од додипломски студии
- диплома од втор циклус студии односно од постдипломски студии
-
сертификат/ уверение за познавање на светски јазик
-
кандидатите кои своето високо образование, додипломски студии (прв циклус) и постдипломски студии (втор циклус), го завршиле во странство, доставуваат нострифицирани документи, со кои се докажува исполнетоста на условите за запишување на трет циклус – докторски студии, како и еквиваленција на оценките доколку системот на оценување е различен од Р.С.Македонија.
-
Конечна согласност од ментор (Обраец на страната на Школата на докторски студии на УКИМ)
-
избор на предмети за стекнување на знаења од полето на истражување*
-
избор на предмети за генерички знаења (општи) за Методологија и Етика од 30% од УКИМ*
-
избор на изборен предмет за стекнување на генерички знаења од листа на УКИМ*
* Се пополнуваат при уписот на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје во координација со менторот
Документите се доставуваат до администраторот за третиот циклус на студии при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, м-р Илија Манасиев (контакт: i.manasiev@pf.ukim.edu.mk).
контакт лице: доц. д-р Илија Руменов (i.rumenov@pf.ukim.edu.mk)
Совет на докторски студии за студиската програма правни науки.