МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО – термин за завршен испит (казнена сесија)

Испитот по меѓународно приватно право ќе се одржи на ден 09.11.2017 година (четврток) во 09:30 часот во амф. 2. Завршниот испит се пријавува преку Службата за студентски прашања најдоцна до 07.11.2017 година со поднесување на пријава и доказ за уплатен административен надоместок согласно одлуката за спроведување на казнена сесија. Право на полагање на завршен испит имаат сите студенти кои уредно ќе го пријават испитот.

Испитот по Казнено материјално право-применета програма, Криминологија, Пенологија, Социјална патологија казнена сесија

Се известуваат студентите дека Испитот по Казнено материјално право-применета програма, Криминологија, Пенологија, Социјална патологија казнена сесија во казнена сесија ќе се одржи на 7.11.2017 година во 10 часот во амф.7.

Испитот по Казнено право кај проф. д-р Методија Каневчев и проф. д-р Александра Груевска Дракулевски во казнена сесија

Се известуваат студентите дека испитот по предметот КАЗНЕНО ПРАВО кај проф. д-р Методија Каневчев и проф. д-р Александра Груевска Дракулевски во казнена сесија ќе се одржи на 7.11.2017 година во 10 часот во амф.7.

Испити по предметите Економика, Политичка економија, Современи економски теории, Вовед во економија и ВТОР ЦИКЛУС на студии

Влезен колоквиум по Економика, Политичка економија ќе се одржат на 2.11.2017 година во 14:00 часот во АМФ.2

Завршен испит по предметите Економика, Политичка економија, Современи економски теории, Вовед во економија ќе се одржат на 9.11.2017 година 12:00 АМФ.2

Испитите по предметите Деловни финансии, Јавни Финансии, Јавен Менаџмент, Современи економски теории ќе се одржат на 9.11.2017 година во 12:00 АМФ.2

Забелешка: Испитот ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба да се пријави на Студентски прашања со достава на уредно пополнета пријава и потребни уплатници за полагање на испитот во дополнителната сесија најдоцна до 8 ноември.

Финансово право – соопштение за колоквиум – генерација 2017/2018

Kолоквиумот по предметот Финансово право ќе се спроведе на 8.11.2017 (среда) во 11:30 часот согласно следниот распоред по амфитеатри:

  • Студентите со презиме од А-Ј во амф.2
  • Студентите со презиме од К-П во амф.3
  • Студентите со презиме од Р-Ш во амф.4.

Мастер Финансово право – термини за испити (дополнителна сесија)

Испитите по предметите Даночно право, Буџетско право, Меѓународно даночно право, Царинско право, Финансирање на единиците на локалната самоуправа, Монетарно, кредитно и девизно право и Банкарско право во дополнителната сесија ќе се спроведат на 6.11.2017 (понеделник) во 11:30 часот во амф.8.
Студентите кои ќе полагаат оваа сесија испитот ЗАДОЛЖИТЕЛНО да го пријават на маил кај д-р Елена Нешовска Ќосева (elena_neshovska@yahoo.com) наведувајќи податоци за студентот и предмет кој ќе го полагаат најдоцна до 3.11.2017 година (петок) до 20 часот.