Europe: Rethinking Europe Together. Touring Summer School Berlin-Dijon-Skopje-Sofia

Успешен завршеток на второто издание на проектот „ReEuropeRethinking Europe TogetherTouring Summer School BerlinDijonSkopjeSofia” во кој покрај Правниот факултет „Јустинијан Први“ партнери се и факултетите за политички и општествени науки  од  Универзитетот Sciences Po – кампусот во Дижон, Хумболт универзитетот во Берлин и Новиот бугарски универзитет во Софија. Проектот е финансиски подржан од Француско-германската канцеларија за млади (OFAJ). Летната школа има за цел да развие конструктивен и отворен дијалог околу клучните европски прашања помеѓу студенти од четирите универзитети. Проектот опфаќа организирање на четири семинари кои на едно место групираат 30 студенти по политички и општествени науки кои дебатираат и разменуваат идеи околу предизвиците на процесот на европска интеграција, политиките на помирување и прекугранична соработка и дијалог.

 Третиот и последен семинар на патувачката школа се одржа во периодот од 27 до 30  октомври во Берлин. Семинарот во Берлин опфати предавања, работилници и посети на институции и дебатирање со курентни и поранешни носители на одлуки, дипломати, експерти и професори. Во овој контекст, студентите остварија и посети на германскиот Бундестаг и германското  Министерство за надворешни работи каде имаа дискусија со пратеници и високо рангирани дипломати. 

 На школата земаа учество нашите студенти Евгенија Илиевска, Мила Маринковиќ, Калина Јовковска, Мила Трајаноска, Михаил Крстевски, Анастасија Симовиќ, Ива Ангеловска и Јана Хубрева, а беа придружувани од професорот Иван Дамјановски. Тие активно учествуваа во предавања и дискусии со истакнати политичари, професори и аналитичари на теми поврзани со процесите на помирување и разрешување на конфликти и предизвиците поврзани со перспективите на проширувањето на Европската Унија.