Граѓанско процесно право Термин за завршен испит во јануарска сесија

Се известуваат студентите од трета година, правни студии, дека завршниот испит по предметот Граѓанско процесно право во јануарска сесија ќе се одржи на 15.01.2018 година (понеделник), од 11 часот, во амф. 4

Предвидениот  термин се однесува и на вонредните студенти.

Испитот треба задолжително да се пријави со поднесување на уредно пополнета пријава преку службата за Студентски прашања најдоцна до 11.01.2018 година (четврток).

Право на полагање на завршен испит имаат само студентите кои го имаат положено влезниот колоквиум и кои го имаат пријавено завршниот испит преку Службата за Студентски прашања.

 

Проф. д-р Татјана Зороска Камиловска

Доц. д-р Милка Ракочевиќ