Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје со задоволство Ве известува дека во соработка со Franco-German University, Université Paris Nanterre (France), Universität Münster (Germany) традиционално ја организира четвртата летна школа 4th Itinerant Summer University in the Balkans. Школата ќе се одржи помеѓу 20-23.09.2018 година, во просториите на Правниот факултет. Академски директор на летната школа е проф. д-р Тони Дескоски. Оваа година, школата ќе биде организирана на тема: Предизвиците на земјите од Западен Балкан при процесот на зачленување во Европската Унија.
Се повикуваат сите заинтересирани студенти на трет циклус студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје да се пријават за учество на школата со своја презентација. Заинтересираните студенти потребно е да испратат наслов на презентацијата, апстракт и кратка биографија на следниов mail: v.dokovski@pf.ukim.edu.mk најдоцна до 10.08.2018 година. Работен јазик на летната школа е англиски јазик.