Наградата „Гоце Делчев“ за проф. Докмановиќ

Овогодинешен лауреат на највисоката државна награда за заслуги во областа на науката „Гоце Делчев“ е професорот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Мишо Докмановиќ. Наградата му беше доделена како признание за монографијата „Сами на своето: кратка историја на македонската независност (1990-1993)“ на свечена церемонија во Собранието на Република Северна Македонија одржана на 4 мај 2022 година. Наградата на професорот му ја врачи академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ.

Тој е втор професор во историјата на Факултетот по проф. д-р Владимир Картов (во 1988 година) кој е добитник на наградата.  

Во пригодното обраќање по повод врачувањето на наградата, проф. д-р Докмановиќ наградата ја посвети на сите колешки и колеги на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, но и на целата академската заедница во земјата.

Наградата „Гоце Делчев“ е востановена во далечната 1949 година.

Обраќањето на добитникот на Државната награда за заслуги во областа на науката „Гоце Делчев“, проф. д-р Мишо Докмановиќ, на Свеченото доделување одржано на 4 мај 2022 година во Собранието на Република Северна Македонија може да се преземе тука.

Книгата „Сами на своето: кратка историја на македонската независност (1990-1993)“ може да се преземе бесплатно на следниов линк. 

(https://library.fes.de/pdf-files/bueros/skopje/18268.pdf)  

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux