„Образованието против говорот на омраза“ е иницијатива спроведена во соработка меѓу Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Во рамки на иницијата ќе се организират повеќе активности. Прва од активностите е: Обука за спречување и борба против употребата на говор на омраза
Обуката ќе се одржи на 12.5.2022 (Четврток) со почеток во 11 часот во просториите на Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје. Во зависност од бројот на учесници работилницата може да се одржи онлајн на платформата Zoom. Во прилог е агендата.
Заинтересирани студенти може да се пријават до 10.5.2022 (Вторник) на следниот линк: https://forms.gle/CtURwyTVsMs4PwpV9
Цел на обука: Обезбедување обука на студентите во спречувањето и борбата против употребата на говорот на омраза.
Опис на активности: Учесниците најпрво ќе ја разберат важноста на меѓусебното зајакнување на човековите права на слобода на изразување и еднаквост. Обуката исто така ќе даде преглед на дефинициите на говорот на омраза во литературата и во меѓународното (европско) право и политики, како и објаснување на клучните карактеристики на говорот на омраза и неговото разликување од блиските концепти. Приложувањето на типологијата за идентификување и разликување на различни форми на „говор на омраза“ според нивната сериозност, водени од обврските на државите според меѓународното право за правата на човекот и меките идникатори ја дооформуваат способноста на учесниците за негово идентификување. Посебен фокус ќе биде ставен и врз говорот на омраза на интернет.
Во текот на обуката е предвидено работа на случаи. Преку тимска работа ќе се учесниците ќе идентификуват говор на омраза, воедно учејќи ја примената на резонирањето на Европскиот суд за човекови права кој има развиена судска практика во оваа област.
Учесниците ќе добијат и практични информации поврзани со справувањето и пријавувањето на говор на омраза во националниот контекст, а ќе биде ставен и акцент на улогата на образованието и градењето на контра-наративи.
Во текот на завршна дискусија ќе се дискутират неколку прашања: Како може Универзитетот/Факултетот да се претвори во „безбедна зона“, каде секое човечко суштество се чувствува заштитено и почитувано. Која е улогата на професорите? Учесниците ќе можат да придонесат своит идеи за акционен план против говорот на омраза на факултетот/универзитетот.
Предавач: проф. д-р Елена Михајлова Стратилати
Елена Михајлова Стратилати е редовна професорка по меѓународно право на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје. Таа е член на Европската Комисија против расизам и нетолеранција (ECRI). Вклучена е во наставата на повеќе предмети на додипломските, мастер и докторските студии, како: Меѓународно јавно право, Меѓународно право за правата на човекот, Меѓународно хуманитарно право, Мирно решавање на спорови, Транзициона правда. Таа е Член на Центарот за бегалско право и миграција при Правниот факултет и ментор на правната клиника за право на бегалци. Нејзина посебна област на интерес се човековите права и граничните области на говор на омраза и дела од омраза, културните идентитети, демократијата и транзициона правда.