Планинарска тура

Се известуваат студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје дека на ден 27.10.2017 година (петок), ќе се одржи спортско-рекреативен и забавен ден, 32. есенска студентска планинарска тура „Водно 2017 година“. Традиционално, покровител на Планинарската тура е ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа спортска активност се одржува по повод „13 Ноември“- Денот на ослободувањето на град Скопје.
Студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на ден 27.10.2017 година, се ослободуваат од редовните обврски на факултетот, за да земат учество на планинарската тура Водно 2017 година.
Студентите од прва година задолжително треба да го понесат својот индекс.
Почетокот на планинарската тура „Водно 2017 година“ е во 10 часот на платото пред хотелот на „Средно Водно“.